Утрински Весник
Спорт
Img 7972

По скандалот со капитенските ленти: Данска нема да гласа за Инфантино и размислува да ја напушти ФИФА

По скандалот со капитенските ленти: Данска нема да гласа за Инфантино и размислува да ја напушти ФИФА
300x250 opst2

Данска нема да гласа за реизбор на Џани Инфантино за претсадетел на ФИФА следниот март, по одлуката да се забрани употребата на капитенските ленти „One Love“ на Светското првенство во Катар, кои ја критикуваат дискриминацијата во земјата домаќин.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Фудбалската федерација на Данска, Јеспер Мeлер, за данските медиуми во Катар изјави дека постои можност земјата да го напушти членството на ФИФА.

„Повторно размислував за тоа. Претпоставувам дека ќе има потешкотии, ако Данска сама се повлече (од ФИФА). Но, ќе видиме, ако нема дијалог“, рече тој.

Мелер, кој е член на Извршниот комитет на ФИФА, изјави дека проблемите меѓу Данска и ФИФА постоеле и пред самото Светско првенство, но дека „последниве неколку дена се засилиле тензиите со Европа“.

ФИФА во понеделникот издаде предупредување и најави дека играчите кои носат ленти „One Love“ веднаш ќе добијат жолт картон.

На првиот натпревар на Данска на шампионатот, кој заврши 0-0 против Тунис, данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит носеше лента со виножито во знак на протест против односот на Катар кон правата на ЛГБТ заедницата.

Можете да прочитате

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026

Почина легендарниот ракометен тренер Илија Темелковски