Утрински Весник
Спорт

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Pmfl.png

Екипите на Скопје и Башкими попладнево (почеток 16:30 часот) ќе го одиграат единствениот дуел од денешната програма од 6.коло од Првата фудбалска лига. Тоа е дуел на двете последнопласирани екипи на табелата, воедно и две екипи кои се без победа во петте одиграни натпревари. Скопје има три бодови, а Башкими е без бод.

На вчера одиграните дуели победија гостинските екипи. Тиквеш го совлада тимот на Шкендија Тетово со 3:1, додека Шкендија Арачиново славеше победа во Штип против Брегалница.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварите Струга Трим Лум – Силекс и Вардар – Арсими. 

Можете да прочитате

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен