Утрински Весник
Спорт

По пријава од Косово ФИФА покрена постапка против Србија

По пријава од Косово ФИФА покрена постапка против Србија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го обвини Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), поради политичкиот транспарент поврзан со Косово. Транспарентот беше закачен во соблекувалната на Србија пред мечот со Бразил на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Во соблекувалната на српскиот тим, во четвртокот, беше закачено српско знаме на која Косово е составен дел на Србија и натпис „Нема предавање“.

Србија играше против Бразил и загуби со 0:2.

Министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрулах Чеку го пријави ова во ФИФА, со изјава дека Светското првенство се користи за промовирање на „ксенофобични, геноцидни и пораки на омраза кон Косово“.

ФИФА наведе дел од својот дисциплински кодекс кој опфаќа „недолично однесување, вклучувајќи „навредливи гестови, знаци или јазик“ и промовирање работи кои не се поврзани со спортот.

Светската фудбалска асоцијација не соопшти кога ќе ја изрече пресудата, а Србија во понеделник од 11 часот ќе игра против Камерун во второто коло на Мундијалот.

Можете да прочитате

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место