Утрински Весник
Скопје

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

20260930151122 big 730x400 39.webp.webp

Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.

Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот.


По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје.

Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanok.

Можете да прочитате

Во недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодот Проески“

Чаир го формира Општинскиот совет за превенција на детско престапништво