Утрински Весник
Спорт

Пиоли би можел да добие отказ

Пиоли би можел да добие отказ

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли наскоро би можел да ја напушти функцијата, пренесуваат италијанските медиуми.
Челниците на клубот од Сан Сиро се уште веруваат во тренерот, но би можеле да се предомислат доколку наскоро не се промени ситуацијата во тимот, а со тоа и во поредокот.

dobivaj vesti na viber

Росонерите се во серија од три порази во првенството, односно на последните пет натпревари освоија само два бода, а моментално се на петтото место со 38 бода.

Во случај актуелниот шампион да продолжи со слаби резултати и да се доведе во прашање пласманот во Топ 4, цехот би можел да го плати Пиоли, кој на клубот му ја донесе првата титула од 2011 година.

Педесет и седумгодишниот тренер на клупата на Милан е од октомври 2019 година.

Можете да прочитате

ПСЖ е подготвен за сите варијанти само да ја мине Борусија

Репрезентативец на Словенија пристигнува за рекордна сума на „Сан Сиро“

Карагер му порача на Касемиро дека му е време за преселба во Саудиска Арабија