Утрински Весник
Македонија

Петровска: Во СДСМ мора да има одговорност, но сега не е моментот за оставки

Img 0438.jpeg

Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има одговорност, но дека е важно процесот да биде внимателен и насочен кон заздравување на организацијата.

„Одговорност, се разбира, дека мора да има, и истата треба да се посочи. Е сега, како натаму таа ќе се рефлектира – дали тоа ќе бидат оставки, разрешувања и така натаму – тоа е следен чекор,“ изјави Петровска во гостување на Канал 5.

Таа нагласи дека целото раководство, како и членството, треба да ја преземат својата улога во анализата на поразот.

„Сите ние кои сме дел од СДСМ имаме дел од одговорноста, и не можеме истата да ја сведеме само на лидерот или на кандидатите,“ порача Петровска.

Иако не ја исклучи можноста за оставки, таа оцени дека во моментов најважно е СДСМ да најде начин како да се издигне и да се консолидира по изборниот резултат.

„Моето прашање е како СДСМ да го преживее ова и како да се издигне над сето ова,“ додаде таа.

Можете да прочитате

Кос: Охрабрени сме во Брисел од реформскиот скок на земјата, потврда дека Владата може да испорача

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје