Утрински Весник
Македонија

Петровска: Освен пропаганда, нема никакви реформи во изминатите 6 месеци а граѓаните живеат потешко

Slavjanka1.png

Нема никакви реформи спроведени во изминатите 6 месеци а граѓаните живеат потешко. Најголемата реформа која ми паѓа на памет е пропагандата и „реформа” на ПР-от или рекламирањето на владата, во сите други области има назадување и потфрлање особено во делот на животниот стандард на граѓаните, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 анализа” на телевизија 24.

Петровска нагласи дека власта мора да преземе чекори за граѓаните да може да си го дозволат она што им е неопходно.


-СДСМ ги поддржа мерките за зголемување на пензиите. Ние бараме покачување на платите и секое зголемување на плати го поздравуваме. Тоа е еден од начините како да им се помогне на граѓаните. Но не се сложувавме со мерките во делот на потрошувачката кошничка, која денеска се виде дека требаше да се направи на  поинаков начин за да има ефект а не вака. Допонително требаше да бидат посториги казните кон стопанствениците за да можат граѓаните навистина да си го дозволат тоа што им треба за основен живот, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Можете да прочитате

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

Латас до Костадинов: Поттикот за убиство извршено од друг е кривично дело