Утрински Весник
Македонија

Екипи од рано утринава на терен во Бигла, се следи состојбата по пожарот

20260824101106 big 730x400 72.webp.webp

Рано утринава е извршен детален увид на теренот во село Бигла, Општина Делчево, каде што вчера избувна голем пожар. Уште од 5 часот наутро на терен биле присутни дежурни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“.

Како што информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со стручните лица бил направен детален увид во состојбата на теренот. При увидот била користена и снимка од дрон, преку која биле разгледани и деловите од теренот до кои нема директен пристап и кои не можат целосно да се согледаат од земја.

Состојбата ќе продолжи внимателно да се следи во текот на денот, а Општина Делчево останува во координација со сите надлежни служби за навремено реагирање доколку се појави потреба.

Приоритет остануваат безбедноста на граѓаните и спречувањето на евентуално повторно разгорување на пожарот. 

Можете да прочитате

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

Детали од МВР: Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон петмина, загина 26-годишник во Скопје

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство