Утрински Весник
Македонија

Петровска: Безгласните пудлици пратија соопштение – уште недојдени на власт се испозадолживте

Img 7449.png

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска реагираше на социјалните мрежи откако претходно ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, ја нарекоа безлична и ја споредија со вазна во трговски центар.

„Откако премолчеа 12 часа во Собрание, безгласните пудлици пратија соопштение. Е па вчера имаа имаа забрана за зборување, на Али му се брзаше за да ја достави фактурата за гласање на Законот, па затоа Мицкоски и 77 послушници седеа мирно во Собрание. Навредата према мене во официјално партиско соопштение е знак на вашата немоќ. Ве боли што ве потсетив на изјавите на Мицко пред 1 месец контра ДУИ….боли а!? Ќе ве боли уште повеќе. п.с Уште недојдени на власт се испозадолживте, Ви стигнува фактурата од Мала Речица“ пишува Петровска.

Можете да прочитате

Хорор сцени во Крушево: 15-годишно девојче си игра и вперува пушка на 11-годишниот брат!

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Срцето на Скопје чукаше за Кочани