Утрински Весник
Спорт

Петмина се отпишани во Јувентус

Петмина се отпишани во Јувентус

Јувентус планира да отпушти пет играчи и со тоа да ги намали трошоците поради кризата во која се наоѓа, пренесува „Газета дело Спорт“.

dobivaj vesti na viber

Сојузниот апелационен суд на Италија го казни Јувентус со 15 бода во Серија А поради финансиски малверзации.

Неколку директори на Јувентус се суспендирани, меѓу кои и поранешниот претседател на Андреа Ањели, на период од две години.

Италијанските медиуми јавуваат дека дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) ќе бара на Јувентус да му бидат одземени дополнителни 20 поени поради финансиски малверзации, што би значело ново испаѓање во Серија Б.

„Бјанконерите“, поради ситуацијата сакаат да ги намалат трошоците на минимум и да заштедат 70 милиони евра.

Планот е Анхел Ди Марија, Алекс Сандро, Адриен Рабиот, Леандро Паредес и Хуан Куадрадо да го напуштат клубот, открива „Газета дело Спорт“.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали