Утрински Весник
Магазин

Пет видови на храна богата со флавоноиди кои треба често да ги јадеме

E74473b32765d496ebd3.jpeg

Флавоноидите се разновидна група на фитонутриенти кои се наоѓаат во растенијата, познати по нивните антиоксидантни својства и потенцијални здравствени придобивки. Треба да ги конзумираме често бидејќи ги неутрализираат слободните радикали во телото, намалувајќи го ризикот од оксидативен стрес и воспаление.

Покрај тоа, флавоноидите се поврзани со подобрување на здравјето на срцето, когнитивната функција и намален ризик од развој на хронични болести, пренесува Health Shots. Еве неколку омилени намирници богати со овие фитонутриенти.

Бобинки

Бобинки како што се боровинки, јагоди, малини и капини се богати со флавоноиди како што се антоцијани. Покрај тоа што антоцијанот им ја дава нивната боја, познато е дека на бобинките им даваат и силни антиоксидантни својства.

Агруми

Портокалите, лимоните, лиметите и грејпфрутот се одлични извори на флавоноиди, како што се хесперидин и нарингенин. Овие соединенија се поврзани со подобро кардиоваскуларно здравје и може да помогнат во намалување на воспалението.

Лиснат зелен зеленчук

Зеленчуците како кељ, спанаќ и брокула се богати со флавоноиди како кемпферол и кверцетин. Овие флавоноиди се поврзани со намалување на воспалението и позитивно влијание врз здравјето на срцето.

Кромид

Кромидот е посебен поради кверцетинот, флавоноид познат по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Редовното консумирање на овие зеленчуци може да го намали ризикот од хронични болести.

Темно чоколадо

Висококвалитетното темно чоколадо содржи флавоноиди наречени флаваноли, за кои се смета дека го поддржуваат здравјето на срцето преку подобрување на протокот на крв и намалување на крвниот притисок, пренесува Health Shots.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста