Утрински Весник
Економија

СДСМ: Со укинување акциза на горивата и ДДВ од 5% ќе има дури 205 литри повеќе за граѓаните

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки. 


Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко.

Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети.

СДСМ има две конкретни мерки за вистинско намалување на цените:

1.Целосно укинување на акцизата за горивата. 

2.Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти.

Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата.

Ова е конкретна помош што веднаш ќе се почувствува во секое домаќинство. 

Значителното поевтинување на горивата ќе ги намали и транспортните трошоци и ќе создаде услови за намалување на цените на храната и на другите основни производи.

СДСМ бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки. 

Во време на криза, народните пари мора да завршат кај граѓаните, а не во луксузот и криминалните тендери на власта.

Можете да прочитате

Мицкоски: Литар дизел-гориво без владината поддршка ќе биде поскап за над 11 денари

Владата размислува за уште еден ребаланс на Буџетот

Од полноќ нови цени на горивата