Утрински Весник
Магазин

Изложба на колекционерски автомобилчиња во Куманово

20260918132647 big 730x400 17.webp.webp

Во Куманово утре од 12 до 18 часот ќе се одржи изложба на колекционерски автомобилчиња во различни размери, 1:64, 1:38 и 1:18. Настанот по четврти пат го организира „Diecast Club“ Куманово во соработка со Форма-Куманово и Q-Record, а ќе се одржи во паркчињата К4 и К5, зад  средното училиште „Перо Наков“.

Во рамки на настанот од 12 до 14 часот ќе се одржи креативна работилница за деца со Posca маркери, која ќе ја води магистерот по ликовни науки и локален уметник Дејвид Стоилковски. За најмладите од 15 до 16 часот се предвидени и друштвени игри со професорот Југослав Спасиќ. Музичкиот дел од настанот ќе биде збогатен со настапи на локалните диџеи Пуца Череп и Виктор 43.


Организаторите ги покануваат љубителите на колекционерски автомобилчиња, како и сите граѓани кои сакаат дружење и добра забава, да бидат дел од четвртото издание на настанот. 

Можете да прочитате

„Нетфликс“ до 2028 година ќе вложи приближно 200 милиони долари во турските продукции

„Заедно знаеме повеќе“ – предавања за детска исхрана и научна работилница за деца

Митровденска задушница – спомен за починатите