Утрински Весник
Свет

Песков му порача на Зеленски: Русија и Путин постојат и ќе постојат

Песков му порача на Зеленски: Русија и Путин постојат и ќе постојат
300x250 (7)

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска му порача на Киев што поскоро да сфати дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин постојат и ќе постојат.

dobivaj vesti na viber

На овој начин Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за време на обраќањето преку видео врска на Светскиот економски форум во Давос рече дека се сомнева оти рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека не е сигурен со кого треба да се водат потенцијални преговори.

300x250 (7)

„Јасно е дека Русија и Путин се голем проблем за сегашната Украина и Зеленски. И јасно е дека, во чисто психолошка смисла, Зеленски би сакал да нема ниту Русија ниту Путин, но колку побрзо сфати, толку побрзо Украинскиот режим сфаќа дека Русија и Путин постојат и ќе постојат и дека порано или подоцна ќе мора да се ослободат од сè што е руско, толку подобро за една земја како Украина“, рече Песков, обраќајќи им се на новинарите,пренесе Танјуг.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња