Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ посилен од повредата и од Французинот Куако

Ѓоковиќ посилен од повредата и од Французинот Куако
Ss2

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако со 3:1 во сетови го совлада Французинот Енцо Куако. Дуелот траесе два часа и 55 минути, а противникот успеа да одземе еден сет (6:1, 6:7, 6:2 и 6:0).

dobivaj vesti na viber

Ни овој меч за Ѓоковиќ не помина сè така како што очекуваше. Србинот во вториот сет се мачеше со повреда и со упорен и мотивиран противник. Сепак, на крајот не дозволи уште една сензација во Мелбурн.

Ss1

Претходно, Каспер Руд, Александар Зверев и Тејлор Фриц беа елиминирани во костурот од ждребот во кој се наоѓа и Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, кој е четврти носител, во третото коло ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров кој го елиминира Ласло Ѓере.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале