Утрински Весник
Култура

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на сцената на Националната опера и балет

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на сцената на Националната опера и балет
300x250 (7)

Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 18 март (сабота) со почеток во 12.00 часот.

dobivaj vesti na viber

Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).

300x250 (7)

Настапуваат: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“