Утрински Весник
Свет

Анкета: Марин Ле Пен би победила на претседателски избори во Франција

20260831084005 big 730x400 68.webp.webp

Ново истражување на јавното мислење во Франција покажува дека кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, би победила на претседателските избори доколку тие се одржат сега, објави „Фигаро“.

Според истражувањето нарачано од медиумите „Бе-Еф-Ем ТВ“ и „Ла Трибин Диманш“, а спроведено од агенцијата „Елаб“, во првиот круг од претседателските избори Ле Пен би добила меѓу 34 и 35,5 отсто од гласовите. Поранешниот француски премиер и кандидат на центристите Едуар Филип би добил 17 отсто, додека лидерот на радикалната левица „Непокорна Франција“, Жан-Лик Меланшон, би освоил 14 отсто.

На четвртото место е социјалдемократот Рафаел Глуксман, кој официјално ја објави својата кандидатура минатата недела. Испитувањето на јавното мислење покажува дека тој би добил 11,5 отсто од гласовите.

Во вториот круг, според анкетата, Ле Пен би победила без оглед на тоа кој би бил нејзин противник. Таа би освоила 52,5 отсто од гласовите против Едуар Филип, 57 отсто против Габриел Атал и 69,5 отсто против Жан-Лик Меланшон.

Можете да прочитате

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски

Американски медиуми: Бесент и Силуанов разговараа за можно завршување на војната во Украина

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани