Утрински Весник
Македонија

Пендаровски од Центар: Единствен начин Сиљановска да победи на дуел е да настапи сама

Pendarovski.jpg

Единствен начин Силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел, порача кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево во скопски Центар осврнувајќи се на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ.

Пендаровски рече дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Сиљановска Давкова да победи во некаква дебата.

„До сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна. Знаете зошто го велат тоа? Прво, да ви кажам, дека договор за термин немаше. Последна дебата која е договорена, од трите во вториот круг, ќе биде на 6 мај на Канал 5, а ова мораа да го направат, затоа што е тоа единствен начин Гордана Сиљановска Давкова да излезе како победник во дуел“, нагласи Пендаровски.

Можете да прочитате

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Денес (петок) краткотрајна стабилизација на времето, но и поголем пораст на температурите

Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“

Утрински Весник