Утрински Весник
Македонија

Се судриле мопед и велосипед во Скопје

Velosiped.jpeg

На 23.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(60) од Скопје и велосипед управуван од Б.И.(75) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека со телесни повреди возачот на мопедот Д.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” и Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот