Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Најостро го осудувам нападот врз снимателот на ТВ24

Пендаровски: Најостро го осудувам нападот врз снимателот на ТВ24

Реакција на македонскиот претседател, Стево Пендаровски по нападот на екипата на ТВ24 пред куќата која била пријавена како место за престој на Украинецот, Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство.

dobivaj vesti na viber

„Најостро го осудувам нападот врз снимателот на ТВ24, Љубиша Игнатов. Медиумските работници мора да бидат слободни да ги извршуваат своите работни обврски и недозволиви се напади кои ја загрозуваат нивната безбедност и ги обесхрабруваат да работат во корист на јавниот интерес и граѓаните кои од нив очекуваат навремени и проверени информации. Очекувам брза истрага од надлежните институции и соодветни санкции за сторителот на делото“, напиша Пендаровски на социјалната мрежа Фејсбук.

Можете да прочитате

Тошковски: 310 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште

Груевски на слободата, ВМРО-ДПМНЕ со чисти документи за белата палата, Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Талир 2

Во струмичко село пронајдена марихуана, уапсени две лица