Утрински Весник
Македонија

Во Берово и Крива Паланка минусни утрински температури

Vreme.webp.webp

Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија. Како што инфомира УХМР, до 8:30 часот се измерени и -1 степен во Крива Паланка, 0 во Струмица и Крушево, 1 во Штип, Охрид, Маврови Анови, Тетово, Претор и Демир Капија, 2 во Битола, Прилеп и Виница, 4 во Кавадарци и Куманово, 5 во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, 6 во Велес, како и 7 степени во Гевгелија.

Изминатите 24 часа до 08 часот утрово наврнале 2 литри на метар квадратен дожд во Струмица, Штип и Кавадарци, како и 1 литар на единица површина во Скопје – Зајчев Рид.


Според УХМР, денеска времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Во Скопје сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Можете да прочитате

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник забранет за увоз и користење

Уапсен охриѓанец кој нелегално поседувал оружје 

МЕРМС: Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти