Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го осуди терористичкиот напад во Москва и изрази сочувство до сите кои ги загубија најблиските

Prsm stevo pendarovski e1596487650441.jpg

Актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски го осуди синоќешниот терористички напад во Москва, во кој според последните информации, животот го загубија 93 луѓе. -Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените, вели Пендаровски.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница