Утрински Весник
Македонија

Пендаровски доминира на мастер дебатата на МТВ

Stevo Pendarovski 1.png

На јавниот сервис вечерва се одржува дебата меѓу сите седум кандидати за претседател на државата.

Од она што може да се заклучи од дебатата, постои силна доминацијата која ја стекнува Стево Пендаровски на почетокот од дебатата односно после завршувањето на првиот круг прашања, одговори, реплики и контра реплики.

На самиот старт, прв одговараше Пендаровски, а потоа доби и повеќе реплики, на што истиот одговори и ги поби дел од тврдењата на неговиот против кандидати.

-Не едно, во мојот мандат имав две вета, со што сум претседател со најмногу вета во својот мандат во историјата на Македонија. Имав најавено уште две вета, поради што истите воопшто не беа изгласани во Собрание, затоа што се знаеше дека ќе ставам вето, порача Пендаровски кој успешно поентираше.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница