Утрински Весник
Македонија

Партијата за движење на Турците го прослави 19 Мај – Ден на сеќавање на Ататурк

Партијата за движење на Турците го прослави 19 Мај – Ден на сеќавање на Ататурк

Партијата за движење на Турците (ТХП) во преполната сала на Филхармонија го прослави 19 Мај – Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот.

dobivaj vesti na viber

На присутните, според соопштението, им се обрати претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП) Енес Ибрахим, кој истакна дека турската заедница енергично и посветено работи за просперитетот на нашата земја, а и ТХП со сите свои кадри успешно придонесува за развојот на нашето општество.

Ибрахим, во својот говор упати апел до сите политички чинители, вклучително и опозицијата да се откажат од популизам и лични интереси и да се вклучат во евроинтеграциските процеси, кои се од клучно значење за светлата иднина на нашата земја.

Во име на Владата се обрати министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која упати честитки и истакна дека е уверена за продолжувањето на братските односи меѓу двата народи.

Настанот заврши со концерт на познатиот турски поп пејач Озѓун.

Можете да прочитате

Судски совет му врати на Пендаровски по критиките: Тоа се нивни видувања

Јаневски до Арсовска: Добивте покачување над 70 илјади денари, земате плата над 2.500 евра, не работите ништо и донесовте банкрот

Намалена затворската казна на Марјан од “Доказ М”, дел за уцените ќе се суди одново