Утрински Весник
Свет

Падна од брод и загина руски бизнисмен и близок соработник на Путин

Падна од брод и загина руски бизнисмен и близок соработник на Путин

Смртта на рускиот директор на енергетска компанија е уште една во листата на мистериозни смртни случаи на моќни бизнисмени кои се чести од почетокот на војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Иван Печорин (39), генерален директор на корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, наводно паднал од брод со полна брзина и починал во саботата во близина на руски остров во Јапонското Море, во близина на Владивосток на далечниот исток на Русија.

Според информациите на Комсомолскаја правда, Печорин, како еден од луѓето на Путин, работел на модернизација на авијацијата во источна Русија и на истражување на ресурси на Арктикот, во време кога земјата се соочува со строги санкции.

Последниот јавен настап на Печорин беше на Источниот економски форум, кој се одржа од 5 до 8 септември во Владивосток. „Дејли мејл“ објави дека Печорин одржал презентација насловена „Секој има свој начин: логистика на променет свет“.

Неговата смрт следи по смртта на поранешниот извршен директор на истата корпорација, Игор Носов (43), кој почина во февруари од мозочен удар. На 1 септември, почина и Равил Маганов (67), нафтен тајкун и поранешен шеф на втората по големина руска нафтена компанија Лукоил, кога падна од прозорецот на шестиот кат на московската болница.

Маганов претходно се спротивстави на војната во Украина, а Лукоил објави дека неговата смрт настапила „по тешка болест“.

Во декември 2021 година, Јегор Просвирнин – основачот на веб-страниците Спутник и Погром – падна од станбена зграда во Москва. Сличен инцидент се случи и во октомври истата година, кога руски дипломат беше пронајден мртов откако падна од прозорецот на руската амбасада во Берлин.

Можете да прочитате

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова

Белгиското Обвинителство побара одземање на имунитетот на петмина европратеници во врска со случајот „Хуавеј“