Утрински Весник
Спорт

Италијанска работа: „ВАР е измислен да го спречи Јувентус да биде шампион“

Италијанска работа: „ВАР е измислен да го спречи Јувентус да биде шампион“

Масимо Мауро, поранешниот напаѓач на Јувентус, има многу интересна теорија за воведувањето на ВАР-технологијата во фудбалот. Тој смета дека новата технологија во фудбалот е заговор против Јуветус. Измислена е за да го спречи Јувентус да владее со италијанскиот фудбал.

dobivaj vesti na viber

Приказната почна по кардиналната грешка на ВАР-собата кога на Јувентус не му беше признат чист гол на натпреварот од Серија А против Салернитана за да победи со 3:2 во последните моменти од натпреварот. Милик со глава ја погоди противничката мрежа, но голот беше поништен бидејќи Бонучи наводно бил најблиску до противничкиот голман и го спречил навреме да реагира.

Сепак, не е прикажана целосната слика бидејќи се гледа еден играч на Салернитана, кој е веднаш до корнер-знаменцето, така што немаше прашање за офсајд.

Револтираниот Мауро верува дека сè е дел од заговор против „старата дама“.

„ВАР е измислен за да го спречи Јувентус да освои повеќе титули. Пред воведувањето на ВАР, Јувентус четири години беше најдобар во Италија. Направено е сè за Јувентус повеќе да не биде шампион“, изјави Мауро.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина