Утрински Весник
Балкан

Пад на продажбата на весници и списанија во Грција

Grcija 1.jpg

Намалување за 11,7 отсто на продажбата на весници во Грција е регистрирано во 2025 година споредбено со една година претходно, а континуиран пад бележи продажбата од 2020 година, кога биле продадени над 38 милиони примероци, наспроти 21,8 милиони лани, покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Кај политичките весници, што се со најголем тираж, лани намалувањето било за 11,2 отсто, на спортските за 13,7 проценти, на економските за 5,3 отсто, а останатите видови весници бележат пад од 23,1 процент.


Слична е ситуацијата и кај списанијата, каде што има намалување на продажбата за 8,8 отсто, со продадени 9,6 милиони примероци во 2025 година, наспроти 10,6 милиони лани и речиси двојно повеќе (18,7 милиони) во 2020 година.

Доколку се направи анализа на официјалните податоци и за весниците и за списанијата, зголемена продажба за една година има единствено кај списанијата наменети за жени.

Меѓу весниците „најпопуларни“ се политичките, со продадени 16,8 милиони примероци, а од нив над 10 милиони се дневни весници, а останатите неделни.

Во другата категорија најпродавани се ТВ списанијата со речиси 4 милиони примероци во 2025 година. 

Можете да прочитате

Ранети неколку лица во Атина

Се уште се трага по напаѓачот кој рани четири лица во Атина

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања