Утрински Весник
Македонија

Хоџа најави еколошки систем за греење во тетовската клиника 

0 02 05 3b0ebae0f8af15582b966bbdacb7c86d0b299791e3ed0dcd4811a6ca705da19a b3867155d400adeb.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти.

Во разговорот со директорот на болницата, Ерзен Елези, беше истакнато дека оваа активност се спроведува паралелно со пошироката реконструкција на клиниката и претставува дел од националните напори за намалување на аерозагадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот.


Проектот е поддржан преку ИПА 3 програмата за чист воздух, со веќе изготвена проектна документација и очекувана реализација во периодот 2026-2027 година.

Со овие инвестиции, државата презема конкретни чекори да води со пример, започнувајќи од јавните институции, со јасна цел – постепена замена на нееколошките системи за греење во сите јавни објекти во земјата.

Со оглед на големината на тетовската клиника, се очекува овој проект да има значаен ефект врз намалувањето на урбаното аерозагадување.

Можете да прочитате

Доживотен затвор за убиецот од Штип: Судот не поверува во смената на исказот на Денис Асанов

Лицата без лични документи ќе добијат електронско здравствено досие преку „Мој термин“

Кривична пријава за штипјанец кој пљачкал куќи