Утрински Весник
Скопје

ЈП Улици и патишта: Градоначалникот на Аеродром да ги научи надлежностите

Logo Ulici I Patista Final So Skopje 01 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата, велат од Јавното претпријатие.

„Проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. Васко Карангелевски и ул. А Димовски, е поодамна согласно ЗБСП е доставен до МВР Секторот за внатрешни работи Скопје за добивање на потребната согласност за негова имплементација, барање на кое сеуште нема одговор од надлежните. До Секторот за внатрешни работи имаше доставено ОСП за светлосни сигнали семафори на истата локација, е доставен 3 пати, но за истиот СВР Скопје 3 пати се изјасни негативно односно не даде согласност за поставување, при што од таа причина не можеше да биде имплементирано на терен. Апелираме до В.Д градоначалникот на Аеродром да си ги научи надлежностите, имено ул.Коста Новаковиќ е под надлежност на општина Аеродром, додека за семафоризација поставување на ул. Васко Каранѓелески го упатуваме да ургира во СВР Скопје да се издаде потребната согласност“ се наведува во соопштението на ЈП Улици и патишта.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”

Сериозен случај на семејно насилство во Карпош: Маж нападнал сопруга и мајка