Утрински Весник
Македонија

Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција и 100 нови амбулантски возила пристигнуваат

Screenshot 2026 06 30 102704.jpg

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за итна медицинска помош и ќе овозможи воведување на современи услуги во реално време.

„При крајот сме на проектот наредната недела ке се комплетира за 100 нови амбулантски возила, кои ќе претставуваат дополнителна вредност за здравствената инфраструктура и ќе овозможат нудење на сервиси во реално време“, изјави Алиу.


Тој посочи дека Владата веќе го разгледува и процесот на одвојување на Првата помош како посебна институција во Скопје, со цел да се зголеми ефикасноста на итните здравствени услуги.

„На седница на Владата беше споменат и процесот на одвојување на Првата помош како институција во Скопје. Доколку овој модел даде позитивни резултати, тој ќе биде проширен и во другите институции“, истакна министерот.

Според Алиу, реформите во итната медицинска помош имаат за цел побрз и поефикасен одговор на потребите на граѓаните, како и модернизација на здравствениот систем преку нова инфраструктура и дигитални решенија.

Можете да прочитате

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори се услов!

Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени куќи и верски објект од пламените јазици

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил