Утрински Весник
Македонија

Талески: Власта на ВМРО – ДПМНЕ има катастрофален почеток, ги боли неуспехот

Image.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО – ДПМНЕ имаат катастрофален почеток откако се на власт и тоа се случува во секој во секој сегмент од функционирањето на животот на граѓаните. Буквално, сè што фатија во овие неполни два месеци направија пепел и пустош и ги излажаа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниската седница за интерепелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Овде денес, место да разговараме за интерпелацијата на претседателот на собранието, ДПМНЕ ги боли за нивниот неуспех. Тие на граѓаните им кажуваа дека првата одлука што ќе ја донесат кога ќе дојдат на власт, ќе биде промена на името Северна, ама излажаа. Ги излажаа граѓаните и за платите и за пензиите. ДПМНЕ имаат тотален крах и катастрофален почеток на партиципирање на власт и тоа допрва ќе ги боли”, рече Талески.

Тој истакна дека пратениците на ДПМНЕ, особено ги боли кога ќе се спомне името Мицковски, за кој забораваат дека не е само претседател на политичка партија, туку премиер, кој дал ветувања пред граѓаните.

„Колку и да сакаат да му се додворуваат на Мицковски, дека тој е величествениот, очигледно заборават дека тој е премиер кој превзел одговорност, која треба да ја исполни пред граѓаните, рече Талески.

Она што гледаме, додаде Талески, е дека ДПМНЕ не се ни малку изменети од нивната матрица која ја имаа пред 11 години, а нивното однесување како партија на власт е срамно.

Можете да прочитате

Три активни пожари во Македонија, гори во Штип, Пробиштип и Чешиново-Облешево

Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга продадено за 22.000 евра

Два напади врз малолетници во Скопје: Момче претепано во Карпош, девојче нападнато во Центар