Утрински Весник
Свет

Ова е најдобрата новинска фотографија за оваа година. „Не сакаше да го пушти телото на малото девојче“

Cffe8c68 3f7d 419d A7c1 Bbee6a807d0e.jpg
Ss2

Фотографот на Ројтерс, Мухамед Салем, денес ја доби престижната награда за најдобра новинска фотографија на светот во 2024 година за својата фотографија на Палестинка која го гушка телото на нејзината петгодишна внука во Појасот Газа.

Фотографијата е направена на 17 октомври 2023 година во болницата Насер во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, каде семејствата трагаа по роднините убиени во израелските бомбардирања. На фотографијата се гледа како Инас Абу Маамар (36) липа и го држи телото на нејзината внука Сали завиткано во чаршаф во болничката мртовечница.

Ss1

Објавувајќи го добитникот на наградата, Светската фотографска фондација со седиште во Амстердам ја истакна важноста од признавање на опасностите со кои се соочуваат новинарите кои покриваат конфликти. Во војната меѓу Израел и Хамас, која избувна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, загинаа 99 новинари.

„Новински и документарни фотографи ширум светот работат под голем ризик“, рече извршниот директор на Jumana El Zein Khoury. „Во изминатата година, бројот на убиени новинари во Газа е речиси рекорд.

Салем, 39-годишен Палестинец, работи за Ројтерс од 2003 година. Тој ја освои истата награда во 2010 година. Судиската комисија рече дека неговата победничка фотографија во 2024 година била „составена со грижа и почит, обезбедувајќи метафоричен и буквален увид во незамисливата загуба”.

„Почувствував дека фотографијата ја сумира поголемата смисла на она што се случува во Појасот Газа“, рече Салем кога фотографијата за првпат беше објавена во ноември. „Луѓето беа збунети, трчаа од едно место до друго, нетрпеливи да ја дознаат судбината на своите најблиски, а таа жена ми го привлече окото држејќи го телото на мало девојче кое не сакаше да го пушти“, рече тој.

Жирито ја избра победничката фотографија меѓу 61.062 фотографии од 3.851 фотограф од 130 земји. Фотографот на списанието ГЕО, Ли-Ен Олваџ од Јужна Африка, победи во категоријата приказна на годината со фотографии кои документираат деменција во Мадагаскар.

Во категоријата долгорочни проекти победи Алехандро Чегара од Венецуела за фото серијата „Два ѕида“ за Њујорк Тајмс/Блумберг.

Украинската фотографка Јулија Кочетова ја доби наградата за отворен формат за нејзиното дело „Војната е лична“, кое ја документира војната во нејзината земја преку мешавина од фотографии, поезија, аудио снимки и музика во документарен

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум