Утрински Весник
Свет

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум

Senat.webp.webp

Американскиот Сенат едногласно го усвои Законот за забрана на увоз на руски ураниум, откако Претставничкиот дом во декември го усвои овој предлог-закон, пренесоа денеска американските медиуми.

Ураниумот се користи за напојување на комерцијални нуклеарни реактори кои произведуваат електрична енергија, објави „Гардијан“.

Се очекува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој минатата недела го потпиша Законот за воена помош за Украина, да потпише и закон за забрана за увоз на руски ураниум.

Американските нуклеарни централи извезле околу 12 отсто од потребниот ураниум од Русија во 2022 година, според евиденцијата на Управата за енергетски информации.

Портпаролот на Советот за национална безбедност во пресрет на гласањето рече дека Конгресот со воведувањето на забранат „и дал уверување на индустриите, сојузниците и партнерите“ дека Америка донела јасна одлука дека во децениите кои претстојат ќе воспостави безбеден синџир за снабдување со нуклеарно гориво, независен од влијанието на спротивставената страна.

„Вајоминг има ураниум кој може да го замени увозот од Русија и ние сме подготвени тоа да го искористиме. Нашата двопартиска законодавна иницијатива ќе помогне да се намали финансирањето на руската воена машинерија, да заживее производството на американски ураниум и да се поттикнат инвестициите во американскиот синџир за снабдување со нуклеарно гориво“, рече американскиот сенатор Џон Барасо, главен републиканец во Комитетот за енергетика на Сенатот. 

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена