Утрински Весник
Македонија

Откриена биста на претседателот Киро Глигоров во двор од училиште

Image 216625.jpg

Биста на првиот македонски претседател Киро Глигоров е откриена во дворот на истоименото училиште во населбата Капиштец. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски вели дека оваа биста е потсетник дека сме на вистинскиот пат.

„Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски.

Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит.

Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, напиша Герасимовски.

Можете да прочитате

Почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ, Тахир Хани

АРМ ги очекува првите Страјкери 

Зошто Катерина Цаневска криеше дека има рак? Во недела следете ја новата епизода на подкастот Зрак со Д-р Марина