Утрински Весник
Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители од утре треба да има нов директор

Akademija Za Sudii I Javni Obviniteli.png

Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев утре треба да именува нов директор на Академијата. Именувањето на нов директор е втора точка на дневен ред на 221. седница на Управниот одбор на Академијата закажана за утре во 15 часот.

Јавниот оглас за избор на директор на Академијата беше објавен на 26 август годинава, откако поранешната директорка, Наташа Габер-Дамјановска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.

По истекот на рокот за пријавување од 15 дена сметано од денот на негово објавување во Службен весник, на огласот се пријавиле вкупно петмина судии и двајца обвинители.

На огласот, како што претходно објавија дел од медиумите, се пријавиле двајца судии од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески и Оља Ристова, судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, судијката Едита Насковска од Управниот суд, како и актуелниот заменик-директор на Академијата, Илир Исени, чија судиска функција е во мирување. Од редовите на обвинителите пријавени се Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје и Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна