Утрински Весник
Македонија

Откриен идентитетот на избоденото момче и напаѓачот од Ташмаруништа – ова е обид за убиство, операцијата траеше 9 часа, вели неговиот брат

Fb img 1761498659475.jpg

На 26.10.2025 во 00:50 часот, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа. Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус” во Струга, со нож го прободел М.П., објави МВР денес.

Избоденото момече е Марко Попоски, кој поради нанесените повреди од нож од 30 сантиметри 9 часа бил на операција, сподели неговиот брат на социјалните мрежи, додавајќи дека класификацијата на ова дело треба да е обид за убиство.


“Ова е Цветко Василески од Ташмаруништа, кој ноќеска со НОЖ од 30см се обиде да ГО УБИЕ БРАТ МИ Марко Попоски, нанесувајќи му повреди кои трајно можат да го загрозат неговото здравје и професија. Марко е опериран цели 9 саати …

Квалификацијата на настанот низ медиумите е нанесување на тешки телесни повреди. НЕ. ОВА Е УБИСТВО ВО ОБИД и така треба да се процесуира. Цветко во ПРИТВОР, со се ножевите со кој шета по Струга”, напиша братот на повреденото момче.

На фејсбук странкцата “Мое Вевчани” пак е објавена фотографија на прободеното момче.

“Вевчанецот Марко Попоски е прободен со нож вчера вечерта во Струга од еден идиот од Ташмаруништа.

Полицјата/обвинителството се со јасна намера да го пуштет идиотот од Ташмаруништа да се брани од слобода да не му давет притвор, за обид за убиство…. Бедна држава. Срам”, напишаа тие.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски и Мицкоски во вечерна обиколка на Скопје

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат село Удово – Валандово

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот