Утрински Весник
Спорт

Откажана борбата на векот – Албанец од Загреб го повредил Тајсон Фјури

Мечот во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Олександер Усик е откажан. Британецот имал расекотина на лицето, поради која морал да мирува.

Бокс спектаклот требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад.

Наводно, Фјури се здобил со расекотина во близина на окото што ќе треба да се сошие и поради што нема да може да ги помине подготовките пред мечот.

„Виновник“ за повредата на Тајсон е Агрон Смакичи, хрватски борец со албанско потекло и негов спаринг партнер.

Смакичи со години спарингува со најдобрите светски тешкаши, а на својот Инстаграм профил може да се забележи дека за некои натпревари го подготвувал Ентони Џошуа.

Тие двајца очигледно се многу блиски, бидејќи имаат неколку заеднички фотографии од тренинг.

Овој пат Агрон му беше спаринг партнер на Тајсон Фјури и се чини дека малку претера за да го подготви Британецот за атак на шампионските појаси.

Фјури и Усик требаше да се борат за титулите во верзиите ВБА, ВБЦ, ВБО и ИБФ. Исто така, овој меч беше „тежок“ 100 милиони фунти и многу љубители на боксот го опишаа како најголемиот во овој век. Сепак, дефинитивно нема да има борба во Ријад бидејќи Фјури мора да мирува две недели.

Можете да прочитате

Арсенал останува во чекор со Ливерпул и Манчестер сити

Кејн го спаси Баерн, Елмас одигра неколку минути во тимот на Лајпциг

Фоден го спаси Манчестер сити на гостувањето кај Борнмут