Утрински Весник
Свет

Дуда не верува дека Украина ќе го врати Крим зашто бил историски руска територија

1706955108 Unnamed File.webp.webp

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда изјави дека верува оти Украина во војната со Русија ќе успее да ги врати своите територии Доњецк и Луганск, но не е убеден оти ќе успее и со Крим, кој го означи како историски руска територија бидејќи со него Русија владеела подолго отколку Украина.

– Не знам дали ќе успеат да го вратат Крим. Крим е посебен и од историска гледна точка, бидејќи во суштина, ако ја погледнеме историјата, тој долго време и припаѓаше на Русија, рече полскиот претседател во интервју за Канал Зеро на Јутуб.

Полскиот претседател оцени дека Русија и натаму ќе напаѓа доколку почувствува слабост, но дека не верува оти би се решила да нападне земја која е членка на НАТО, пренесува Бета.

– По две години војна, рускиот потенцијал е исцрпен. Путин е во шок што војската на Украина му се спротивстави. Денес Русија се обидува да победи во Украина. Ако ги задржи украинските територии, голема е веројатноста дека ќе има и нови напади. Верувам дека Украина ќе успее да ги врати Доњецк и Луганск, изјави Дуда.

Полскиот претседател ја пофали владата на премиерот Доналд Туск дека без оглед на жестоките спорови на домашната политичка сцена кога е во прашање надворешната политика и ставот дека Западот не смее да попушти и да и даде право на Русија да го воскресне рускиот империјализам и дека полската опозиција и владејачката коалиција се единствени по тоа прашање.

За разлика од стравувањата во Европа дека доколку Доналд Трамп биде избран за претседател во САД, тој би можел да се договори со рускиот претседател Владимир Путин зад грбот на Украина и Европа, претседателот Дуда не верува во тоа бидејќи, како што вели, Трамп ги има истите империјални аспирации како рускиот претседател.

– Го запознав претседателот Трамп. Тој е посебен човек, би рекол жесток борец и се сомневам дека Путин и неговите империјални аспирации би биле лесни со него, бидејќи и тој има империјални аспирации и верува дека Америка мора да биде империја, изјави Дуда.

Спомнувањето на Крим како историски руска територија во контекст на актуелната војна во Украина и враќањето на териториите, предизвика жестоки осуди на социјалните мрежи, главно дека тоа е срамна констатација која не смее да си ја дозволи шеф на држава, особено не на Полска.

„Ако времето во кое територијата била под некоја држава е пресудно за припадност на државата, го потсетувам господинот Дуда дека во нашата земја има места кои им припаѓале на други држави подолго отколку на Полска“, напиша на платформата Х, Роман Ѓертич од владејачката полска Граѓанска коалиција

„Срамно. Денес А. Дуда вели дека за Крим не се знае затоа што најдолго и припаѓал на Русија. Во август 2022 година рече дека Крим е Украина исто како што Гдањск е дел од Полска, порача лидерот на радикалната националистичката опозициска Конфедерација, Кшиштоф Босак.

Можете да прочитате

Го нарекуваше Трамп „идиот“ и „американски Хитлер“, сега ќе му биде потпретседател

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Најмалку 24 загинати во самоубиствен бомбашки напад на железничка станица во Пакистан