Утрински Весник
Свет

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Britanska Policija4.jpg

22-годишен маж е уапсен откако во пукање пред два дена во западен Лондон тешко биле повредени осумгодишно девојче и маж. Според првичните информации, младиот човек пукал во автомобилот во кој се наоѓало семејството.

Тешко повреденото девојче е опериранп и моментално е во тешка, но стабилна состојба. Во тешка, но стабилна состојба е и 34-годишен маж. 32-годишна жена е пренесена во болница, но не е повредена, додека двегодишно дете е неповредено, пренесува Sky News.

Полицијата уапси 22-годишен маж под сомнение за обид за убиство и ги повика граѓаните да помогнат во истрагата со давање дополнителни информации, пишува Индипендент.

Сведокот на настанот рече дека жртвите седеле во автомобилот кога мажот наводно „пукал директно во возилото“.

Можете да прочитате

Расте бројот на жртви во Венецуела, десетици илјади исчезнати

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран