Утрински Весник
Свет

Османи за состојбата во Полска: Во консултации сме со сојузниците на НАТО

Османи во Јордан на Конференција на ОБСЕ задно со медитеранските партнери
Ss2

Загрижени сме од недамнешниoт ракетен удар на територијата на Полска, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи вечерва Османи изрази целосна поддршка и солидарност со Полска, како и сочувство до семејставата на жртвите.

300x250 (7)

„Во консултации сме со сојузниците на НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата“, пишува Османи.

Два проектила паднаа во Пжеводов – полско село во близина на границата со Украина, пришто две лица загинаа.

Полскиот премиер свика итен состанок на владиниот Комитет за безбедност и одбрана.

„АП“ претходно објави, цитирајќи висок претставник на американското разузнавање, дека се работи за руски проектили, но Пентагон кажа дека во моментов нема информации за да ги потврди тие извештаи.

Се огласи и Москва. Велат, Полска намерно провоцира за натамошна ескалација.

Укаринскиот претседател, Володимир Зеленски прстот го впери во Русија и рече дека ова е руски ракетен напад врз колективната безбедност, па оттука мора да се дејствува.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг укажа на важноста да се утврдат сите факти, додавајќи дека НАТО ја следи ситуацијата во Полска и сојузниците внимателно се консултираат.

Полска го подигна нивото на борбена готовност.

Ss1

Можете да прочитате

Трамп ја спореди администрацијата на Бајден со Гестапо

Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на миење раце

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за ослободување на заложниците и против премиерот