Утрински Весник
Македонија

ЕВН наплаќа 140% поскапа струја во комлексот Џевахир

0d795bce Bf70 4f15 83dd 026622764e7a
Ss2

Новите тарифи за струјата и ЕВН ги оставија кулите на Џевахир без струја за греење

Во одредени медиуми се појавија информации дека во кулите во Џевахир била исклучена електричната енергија по што не работеле лифтовите.

300x250 (7)

Според сведочења на станати, вистина е дека постои долг кон ЕВН и дека е исклучено заедничкото броило за греење и ладење, кои доаѓаат на една сметка а потоа управителот на зградата преку посебен софтвер ја дели и ја наплаќа од станарите.

Дел од станарите побарале таквото заедничко броило да се подели на повеќе броила на секој кат, но како што велат тие, не нашле разбирање од ЕВН.

Како втора причина за проблемот која ка наведуваат станарите е и новиот модел на тарифирање на сметките за струја што таквото броило автоматски го става во најскапата четврта категорија.

Па така ако едно домаќинство за греење и ладење плаќало по 6.000 денари, сега по новиот модел плаќаат и по 15.500 денари или 145% повеќе.

Тоа како што велат станарите е причина некои семејства да не плаќаат сметки и управителот има проблем да ги наплати долговите и со тоа да и плати на ЕВН.

За овој проблем станарите барале средби со Регулаторната комисија и со ЕВН но не успеале да остварат средба.

Наши информации велат дека ист проблем има и комплексот Соравија на Водно, а потенцијални проблеми се јавуваат и во други помали комплекси.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула