Утрински Весник
Македонија

Османи и Милков во Софија го посетија повредениот Пендиков: Ќе се погрижиме да име нула толеранција за насилството

Османи и Милков во Софија го посетија повредениот Пендиков: Ќе се погрижиме да име нула толеранција за насилството
300x250 (7)

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со својот бугарски колега, Николај Милков, денес во Софија заеднички го посетија повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој во четвртокот беше физички нападнат во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Османи на лице место се информираше за повредите на Пендиков, изразувајќи притоа длабоко жалење за инцидентот, и посакувајќи му брзо опоравување и закрепнување.

Ss1

Тој ја искористи посетата и да ја реафирмира осудата за инцидентот, изразувајќи уверување дека многу скоро случајот ќе биде расчистен.

“Жалам за овој инцидент. Таквиот чин не ги одразува вредностите на граѓаните на Република Северна Македонија, на нашето мултиетничко општество и Северна Македонија ќе се погрижиме да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот што е нешто свето што го градиме последните 30 години. Државата ќе се погрижи да се создаде атмосфера на нула толеранција на насилство. Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда“, истакна Османи.

Според Османи, Бугарската заедница во Северна Македонија ќе ги има сите права, слободи и привилегии како и секоја друга заедница, нагласувајќи дека нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Северна Македонија, како што нема да дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни.

„Секое доаѓање на политичари во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа во иднина ќе биде последно доаѓање во Република Северна Македонија. Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане“, додаде Османи.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби