Утрински Весник
Магазин

Хатавеј: Како 16-годишна ме прашуваа дали сум добра девојка

Хатавеј: Како 16-годишна ме прашуваа дали сум добра девојка

„Ајлин“, трилер кој премиерно беше прикажан во саботата на филмскиот фестивал „Санденс“, е новиот филм на прославената актерка Ен Хатавеј, која на публиката и откри непознат детал од своето минато по прикажувањето на филмот.

dobivaj vesti na viber

„Само се сетив дека едно од првите прашања што ми беа поставени кога почнав да глумам и морав да работам во медиумите беше: Дали си добра девојка или лоша девојка“, рече таа. „Имав 16 години“.

Таа додаде дека одлучила да ја прифати улогата на Ајлин откако ја гледала познатата драма на режисерот Вилијам Олдројд од 2016 година „Лејди МекБет“, во која Флоренс Пју глумела жена заробена во брак со многу постар маж.

Инаку, пред неколку години, магазинот „Стар“ ја прогласи Ана за најомразена актерка во Холивуд, а една од причините за тоа беше говорот што го одржа по освоениот Оскар за најдобра споредна женска улога.

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес