Утрински Весник
Балкан

Османи: Членството на Косово во ИНТЕРПОЛ е невозможно без поддршка од САД

20240321170817 Big 730x400 96.webp.webp
Img 5587

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по денешната средба со помошникот секретар за Меѓународното биро за наркотици и владеење на правото (ИНЛ) при американскиот Стејт департмент, Тод Д. Робинсон, кој денеска допатува во официјална посета на Приштина, рече дека Косово е благодарно за непоколебливата поддршка што институцијата на чие чело е Робинсон му ја пружа на Косово веќе години наназад, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава по средбата со Робинсон во нејзиниот кабинет, Османи рече дека американската поддршка за Косово е присутна во секој сектор.

Ss1

Таа посебно ја издвои помошта на ИНЛ во времетежо кога се формира косовската полиција и другите безбедносни институции по прогласувањето на независноста на Косово.

– Некои од најважните достигнувања на нашите институции го имаат печатот на канцеларијата предводена од помошникот секретар Робинсон, меѓу кои и формирањето на косовската полиција, која денес ја ужива довербата на над 95 отсто од граѓаните. Исто така и Косовската агенција за форензика, Косовската академија за јавна безбедност, која едуцира генерации наши полицајци, како и Полицискиот инспекторат, кој како институција се грижи за одржување на професионалноста и почитување на законот на секој чекор од нашите институции, рече Османи.

Таа нагласи дека благодарение на поддршката на ИНЛ низ годините, направени се позитивни и важни реформи во релевантните косовски институции и е постигнат континуиран напредок во борбата против организираниот криминал, насилниот екстремизам и тероризмот.

Косовската претседателка рече дека од Робинон побарала поддршка од Вашингтон за зачленување на Косово во меѓународната полициска организација, ИНТЕРПОЛ, нагласувајќи дека тоа е невозможно да се постигне без поддршка од САД.

– На средбата со помошникот секретар го информирав и за стратешката цел на Косово за членство во ИНТЕРПОЛ, членство кое ќе биде невозможно без континуираната поддршка од САД. Ова членство ќе придонесе длабоко за зголемување на нашите капацитети преку подобрување на нашиот институционален одговор на криминалот и со зајакнување на нашата посветеност кон гарантирање на јавната безбедност за секој граѓанин на нашата Република. Единствените кои имаат корист од нечленството на Косово во ИНТЕРПОЛ се криминалците, особено транснационалните криминални групи. Заедничка желба и волја на Косово и на САД е да се борат против нив до крај и без компромис, рече Османи.

Ss1

Можете да прочитате

Грција воведува шестдневна работна недела

Илир Мета реизбран за претседател на Партијата на Слобода

Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал