Утрински Весник
Македонија

Тошковски на средба со црногорскиот колега Шарановиќ, како дел од министерска конференција во Словенија во рамки на Брдо процесот

20240321 171911 Scaled.jpg
300x250 (7)

Денеска и утре во Крањ, Република Словенија делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува на министерска конференција во рамки на Брдо процесот.

На првиот ден министерот Тошковски оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, г. Данило Шарановиќ на која се разговараше за соработката меѓу двете министерства и можноста за нејзино продлабучување.

Ss1

На средбата од страна на министерот Шарановиќ беше потенцирано дека Црна Гора дозволува влез на нејзина територија со лични карти со старото име, а од страна на министерот Тошковски беше побарано да се овозможи влез во државата и со старите образци на патни исправи, доколку истите се со важечки рок.

Оваа средба беше искористена и за разгледување на начинот на функционирање во рамки на МАРРИ регионалната иницијатива каде двете држави членуваат, при што беше констатирано дека активностите во овој дел мора да се интензивираат.

На крајот од средбата се заклучи дека како две пријателски држави имаме заеднички интерес за соработка и размена на искуства, особено во делот на борбата со организираниот криминал и високата корупција.

Ss1

Можете да прочитате

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, евидентирани нови 27 случаи

Сончево со услови за локални врнежи

В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување