Утрински Весник
Спорт

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

20251229160029 big 730x400 14 1.webp.webp

Британскиот боксер и поранешен светски првак во тешка категорија Ентони Џошуа е повреден во сообраќајна несреќа во која загинаа две лица во нигериската сојузна држава Огун, соопшти денеска локалната полиција.

Триесетишестгодишниот Џошуа минал со полесни повреди кога неговиот автомобил се судрил со друго возило, соопшти полициската команда на државата Огун.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од Џошуа како седи без маица на задното седиште, на кое се гледаат остатоци од скршено стакло.

Според локалните медиуми, Џошуа бил на задното седиште од возилото кога се судрило со паркиран камион.

Џошуа води семејно потекло од градот Сагаму во сојузната држава Огун, во југозападна Нигерија.

Можете да прочитате

„Јане Сандански“ грмеше, Вардар беше на чекор до бод – Нант славеше со еден гол

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години