Утрински Весник
Култура

Oркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика

Oркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика

В четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика, на кој како солисти ќе настапат пијанистката Маја Кастратовиќ, флејтиската Златка Митева и обоистот Владимир Лазаревски.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Бисера Чадловска, а на програмата се „Пасакаља на тема од Божидар Апих“ од Томислав Зографски, „Увертира“ за симфониски оркестар од Димче Николески, „Концерт ин 5“ за пијано и симфониски оркестар од Александар Лековски, „Пасторали“ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски и „Стара песна“ – концертни сцени за симфониски оркестар од Томе Манчев.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“