Утрински Весник
Магазин

Орален инсулин во вид на таблета или чоколадо без шеќер може да ги замени инјекциите за дијабетичари

Screenshot 2024 02 02 211624.png

Нова форма на орален инсулин, која наскоро може да се тестира кај луѓе, може да се земе како алтернатива на шприцовите или инсулинските пумпи. Научниците развија начин за обезбедување на инсулин орално, преку капсула или чоколадо без шеќер и успешно го тестираа на животни. Овој нов инсулин ќе биде подготвен за тестирање на луѓе во 2025 година, пишува „Еуроњуз“. Околу 61 милион луѓе живеат со дијабетес во Европа и меѓу 5 и 10 проценти од нив имаат дијабетес Тип 1, што значи дека треба да примаат инсулин дневно за да го контролираат ниво на гликоза во крвта. Луѓето со почестиот Тип 2 исто така треба да примаат инсулин. Трите најчести начини за примање инсулин се со шприц, инсулинско пенкало или инсулинска пумпа според Меѓународната федерација за дијабетес. Истражувачи од Универзитетот во Сиднеј во соработка со Арктичкиот универзитет во Норвешка претходно открија дека е возможно да се внесуваат лекови во црниот дроб со нано-носители. Идејата за креирање на орален инсулин дојде отакако геријатриски лекар во клиниката кој работи со истражувачите изрази загриженост за постарите лица кои се хоспитализирани, и кај кои од користењето на инсулински инјекции се зголемува ризикот од секундарни инфекции. -Се разбира тоа беше само концепт. Потоа, клучните чекори низ кои поминавме беше да потврдиме дека всушност инсулинот може да се прима орално, изјави д-р Никола Ханд, истражувач на Универзитетот во Сиднеј. Тимот требаше да развие специјален полимер дизајниран да се движи низ желудникот и да се апсорбира во цревата, а потоа да стигне до црниот дроб. Тие дизајнираа полимер кој одговара на нивото на крвта на пациентот, што го направија со набљудување на ензимите што ги разградуваат молекулите не шеќер. -Ако во крвта има високо ниво на глукоза, тогаш има високо ниво на такви ензими и тие го разградуваат полимерот и потоа ослободуваат инсулин, изјави Хант. Овој начин на консумирање на инсулин е попрецизен бидејќи брзо го пристигнува до деловите од телот каде што е најпотребен. Кога земате инсулин со шприц количината се шири низ телото и може да предизвика несакани ефекти, изјави Питер Меккорт од Арктичкиот универзитет во Норвешка.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста