Утрински Весник
Македонија

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество

Ferati dita e boshnjakeve 3 scaled.jpeg

Министерот Агон Ферати на средба прими претставници на бошњачката заедница, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците.

На средбата беше истакнато значењето на придонесот на бошњачката заедница во нашето општество, како и потребата од продолжување на институционалната соработка во насока на адресирање на нивните прашања и потреби.


„Како министер, се обврзав дека ќе бидам во служба на потребите на Бошњаците и дека заедно ќе работиме на создавање подобри можности за сите”, истакна министерот Ферати.

„Бошњаците, исто како и сите други граѓани, се важна алка на нашето општество, а нивниот придонес е значаен дел од нашиот општествен мозаик. Нашата заложба е секоја заедница да има простор, поддршка и еднакви можности за развој и напредок”, истакна министерот Ферати, упатувајќи честитки до бошњачката заедница по повод нивниот Меѓународен ден.

Можете да прочитате

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на структурите и финансиските текови зад трговијата со дрога