Утрински Весник
Магазин

Еве зошто не треба да наздравувате со чаша вода

1706907108 Img 1811.jpeg
300x250 (7)

Иако едноставното наздравување со чаша вода кога немате друг пијалак во близина можеби ви изгледа како сосема обично делување, зад изреката дека треба да го избегнувате тоа всушност се крие древно и нималку наивно верување поради кое можеби е подобро да го избегнувате.

Коренот на овој обичај се наоѓа во антиката. Имено, старите Грци верувале дека кога човекот умира, неговата душа оди во подземниот свет на Хад. Во него се наоѓа тажна рамнина опкружена со бледи диви цветови. На таа рамнина течат пет реки: ледениот Стикс – реката на омразата, Ахерон – реката на болката, Кокитус – реката на јадот, Флегетон – реката на огнот и Лета – реката на заборавот.

300x250 (7)

Кога душата ќе пристигне во светот на Хад, пие од Лета за да го заборави минатото и патењето од претходниот живот. Оние што верувале во реинкарнација верувале и дека душите пијат вода од оваа река за да го заборават завршениот живот и да се подготват за нов.

Токму тука и се верува дека лежи коренот на обичајот никогаш да не наздравуваме со чаша вода. На тој начин, оној што го прави тоа, би го следувало преран заборав на важните нешта во неговиот живот.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат